Основна дејност на сепарацијата е ископ и производство и продажба на сепариран камен агрегат од сите фракции (ф1 до ф5) и тампон. Ископот на јаловината и суровиот необработен камен агрегата се врши со сопствена механизација.
Покрај производството и продажбата на сепариран камен агрегат СТЕНТОН ГРАДБА нуди и транспорт на сепарираниот материјал со сопствени транспортни сретства – шлепери-влекачи опремени со приколки и полуприколки со кои се врши транспорт на материјалот низ цела Македонија.