Мисија и цели

Ние сме општествено одговорна компанија која особено се грижи за заштита на животната средина.

Во таа насока работиме на изработка на планска документација за изградба на инфраструктурен комплекс со намена Е3 ( рециклажа, третман и складирање на отпад) која предвидува преработка на стари автомобилски гуми со пиролиза (односно термичка обработка).

Како единствени во нашата држава, со тоа ќе дадеме придонес кон исчистување на отпадот во стари автомобилски гуми низ цела држава. Предвидовме да работиме со капацитет од околу 2000 тони гуми годишно, при што како производ би добиле пиролизно масло, саѓи и отпадна челична жица чии производи ќе најдат примена понатаму во индустријата.

Исто така Стентон Грдаба е инвеститор за подготовка на планска и друга документација за изградба на фотоволтаични централи за производство на чиста еколошка енергија добиена од сонцето.

Произведената електрична енергија предвидено е да надополни еден мал дел од потребите за електрична енергија во нашата држава.