(+389) 47 229 077 info@stentongradba.mk Пон - Саб: 08:00 - 16:00

Водечка градежна компанија во регионот | Стентон Градба

За нас
Кои сме ние

За нас

Водечка градежна компанија во регионот која повеќе од 18 години го обезбедува пазарот со висококвалитетни производи и услуги од областа на градежништвото.

Како една од водечките компании во секторот на градежништвото ние постоиме повеќе од осумнаесет години на пазарот, обезбедувајќи комплетен опсег на производи и услуги од областа на градежништвото.

Вршиме ископ и сепарација на камен агрегат во сите фракции, производство на бетон, проектирање, изградба и надзор на објекти од нискоградба, високоградба, хидроградба, мостови, патишта, транспорт на градежни материјали и други градежни работи.

За нас

Максимално сме посветени на професионална реализација на проектите и функционираме во насока на остварување на заедничките цели кои ќе ги задоволат барањата на пазарот и воедно ќе го потврдат нашиот квалитет.

Клиентите може да сметаат на експертизата од вработените на Стентон Градба кои оперираат во рамките на нашиот регион за квалитетна, безбедна и навремена реализација на проектот.

Ние ја водиме нашата компанија со највисоко ниво на интегритет. Ја преземаме одговорноста за сите наши зборови и постапки. Она што нас не одликува е чесен, директен и фер пристап со нашите клиенти – без исклучоци.

Code of Ethics

МИСИЈА на нашата градежна компанија се клиентите. Илијадниците задоволни клиенти се наша движечка сила. Квалитетот на досега изработените проекти доволно говори за нашата работа, посветеност и вложен труд. Стентон Градба е општествено одговорна компанија која особено се грижи за заштита на животната средина. Во таа насока работиме на изработка на планска документација за изградба на инфраструктурен комплекс со намена Е3 ( рециклажа, третман и складирање на отпад) која предвидува преработка на стари автомобилски гуми со пиролиза (односно термичка обработка).

Нашата ВИЗИЈА за иднината е зголемување на бројот на завршени проекти и напредување во поглед на квалитетот и брзината на изведба а со самото тоа и дополнителна модернизација во поглед на средствата за работа и персоналот. Преку овие чекори нашата компанија би се афирмирала како една од најголемите градежни компании на Балканот но и во Европа.

Наша ЦЕЛ е прогресивен развој во областа на градежништвото, проширување на делокругот на работа, отворање кон нови пазари и драстичен раст на бројот на успешно реализирани проекти а со тоа и квалитативен и квантативен раст воопшто. Ваквиот развој без сомнение би довел до поголема благосостојба како на компанијата така и на големиот број на вработени.

Стентон градба

Историја

Стентон Градба е основана во 2003 година како компанија која започна со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица.

Повеќе
© 2021 Стентон Градба. All Rights Reserved.
web by kara5.