• Стентон Градба е основана во 2003 година како компанија која започна со производство на градежни материјали, а подоцна и со изведба на договорни проекти за приватни лица, големи компании, министерства, општини и различни владини организации.

 

  • Од производител на речен песок Стентон Градба во текот на своето работење се разви во производител на бетон, со што стана водечка градежна компанија во Пелагонискиот регион.

 

  • Од 2007 година Стентон Градба во својот спектар на експертиза додаде хидроинженеринг, изградба на патишта, инфраструктурни проекти, санирање на свлечишта, изведба на индустриски објекти и друго.

 

  • Нашата компанија функционира на динамичен, ефикасен и безбеден начин, а нашиот вреден тим работи со гордост и внатрешно задоволство.

 

  • Во работата се стремиме кон совршенство и интегритет кој нашите клиенти го препознаваат и секогаш избираат повторно да соработуваат со нас. Така остануваме верни на нашите основни вредности: квалитет, здравје и безбедност, заштита на животната средина, искреност и напорна работа. Стентон Градба со обезбедувањето на највисоките стандарди на услуга, стана една од поистакнатите компании во нашата држава.

 

  • Ние сме компанија која е динамично ориентирана и фокусирана на изнаоѓање на решенија за нашите клиенти и ефикасно завршување на нивните проекти. Ние сме посветени на задоволување на потребите на нашите клиенти како наш врвен приоритет.

 

  • Како во минатото така и во иднината, Стентон Градба ќе продолжи да имплементира нови технологии и експертиза во неговиот широк дијапазон на познавања и know-how техники.

 

  • Денес Стентон Градба активно се залага за диверзитет во својот бизнис потфат, како и се труди да воспостави меѓународни партнерства со компании чија специјалност е хидротехника, инфраструктура, патишта, електромеханичко инжинерство, обновливи извори на енергија и така натаму.