Проект : Санација на свлечиште на регионален пат Р1308, Претор – Маркова Нога

Клиент : Јавно Претпријатие за Државни Патишта – ЈПДП

Краток опис на договорот : Масивна бетонска конструкција која вклучи изработка на бетонски темел во должина од 200 метра, висина од 2 метра и 6 метра ширина односно вградување на бетон за темел 2.400,00 м3. Целосна организација на градилиштето (регулација на сообраќај, уредување и изработка на пристапни патишта), ископ на земја во широк откоп на материјал IVта и Vта категорија, изработка на насип од земјан материјал, машинско дупчење на колови Ф1200 (со должина од 5,00м 8,00м и 12,00м), изработка на горен строј на патот (дробен камен и два слоја на асфалт) армирање на АБ колови, надколова плоча и потпорен ѕид и бетонирање на истите. Пробно товарење на коловите и поставување на инклинометри за оскултација на свлечиштето и потпорниот ѕид. За целосната бетонска конструкција се вградија околу 5.000,00 м3 бетон и 700,00 тони арматура.