Проект : Санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102 Велес – Градско (транзитен дел низ Велес)

Клиент : Јавно Претпријатие за Државни Патишта – ЈПДП

Краток опис на договорот : Целосна организација на градилиштето (регулација на сообраќај, како патен така и железнички), кавање на нестабилни и лабави блокови, инсталација на SN анкери со различни должини и дијаметри, инсталација на SDA анкери, поставување на заштитна мрежа со тегови, заштита на површината на косините со торкет бетон, изведба на бариера за заштита од одрони. Изградба на потпорен ѕид од габиони како и обложен ѕид од камен. Бетонирање на потпорен ѕид за заштита на железничкиот сообраќај и монтажа на еластична одбојна ограда тип H2-W1