Проект : Реконструкција на Дренска Брана – Демир Капија

Клиент : UNDP – North Macedonia

Краток опис на договорот : Санација на Дренска Брана со машински ископ на земја со соодветно шкрапирање на теренот, насипување на сепариран земјен материјал, вградување на водонепропусна HDPE геомембрана помеѓу два слоја на геотекстил. Изградба на преливен орган, изградба на темелен испуст/опточна цевка, земјан загат и дренажа во речно корито, изградба на затварачница комплет со хидромеханичка опрема како и поставување на реперни и геодетски точки и пиезометриски конструкции за оскултација на браната во текот на експлоатација.